
Во земјава се дискриминира по секој основ
Во земјава се дискриминира по секој основ, секаде, и за 30‘% повеќе од лани. Ова се факти изнесени во годишниот информатор за дискриминација на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Оттаму се загрижени за рекордниот број на случаи на дискриминација во работните односи.
Комисијата за заштита од дискриминација која по пријавен случај одлучува дали има или нема дискриминација се најде на удар на Хелсиншки, затоа што според нив тие не се ажурни во работата и дозволуваат дискриминаторите да поминат неказнето. Од Хелсиншки сепак имаат и позитивни работи забележано во извештајот. Ги пофалија законските измени за спречување и заштита од дискриминација.
Годинава се пријавени 119 случаи на дискриминиција, четириесетина повеќе од лани. Од Хелсиншки сепак алармираат дека луѓето се уште не се одлучуваат да бараат судска разрешница на случаите заради тоа што трошоците се високи, а постапките траат долго.
Петар Догов