Во затворите постои потенцијална опасност од радикализам

Во македонските затвори  и воспитно-поправните установи забележани се тенденции на потенцијални опасности од радикализам кај машки лица од 18 до 24 години, ова денес го истакна министерката за правда Рената Дескоска на една од двете меѓународни конференции кои се одржаа во Скопје посветени на превенцијата против насилен екстремизам, радикализацијата и дерадикализацијата во земјите од западен Балкан, како и на теми поврзани со ресоцијализацијата на поранешни затворници. Експерти од овие области од земјите од регионот разменуваа искуства во борбата против радикализацијата на регионот и изготвување на заедничка стратегија во борбата против радикализмот и екстремизмот. Раководителот на Одделот за акција против криминалот при Советот на Европа, Иван Коеџиков. вели дека ресоцијализацијата е многу важна за вклучување на поранешните затвореници во нормаалните животни текови.

Лизелот Искаснон, раководител на Секторот за граѓанско општество и социјална инклузија при Европската комисија истакна дека конфернцијата има голема улога во размената на искуства помеѓу земјите членки на ЕУ и земјите од западен Балкан на тема дерадикализација и ресоијализација на радикализирани поединци.

Директотрот на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ вели дека многу е важно да се утврдат начините како на национално ниво да се врши координација во борбата против радикализацијата и како регионално да соработуваат земјите од регионот. Тој го поцентираше интернет просторот како најголема опсаност каде што се шири радикализацијата.

Досега на боиштата во Сирија од Македонија заминале 154 македонски државјани, 35 загинале, а околу 80 се вратени.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ