
Замрзнат имот на ВМРО-ДПМНЕ вреден над 15 милиони евра, партија обвинува за политичко насилство
Партиски штабови, станови, земјоделски површини, имоти со стари куќи и штала. Долг е списокот на недвижен имот којшто опзициската ВМРО-ДПМНЕ нема да смее да го продава или дава под закуп. Судското дуо на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд, вчера го прифатило барањето на Специјалното обвинителство, и донеле решение за изрекување привремна мерка за обезбедување имот на политичката партија за 69 локации. Барањето доаѓа од предметот „Талир“, истрага која СЈО ја води против 14 осомничени паритски функционери за незаконито финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.
Во барањето до основниот суд Скопје 1 беа наведени 2 причини:
-
Претседателот на партијата Христијан Мицковски во медиумите најави дека ја разгледуваат можноста за продажба или давање под закуп на седиштето на партијата.
-
На почетокот на годината партијата продала стан во скопската населба Кисела Вода во вредност од 100.000 евра.
Од партиското седиште кое е 69-тиот имот на листата „замрзнати“, генералниот секретар потврди дека станот во Кисела Вода е продаден, а одлуката на судот во која вели нема наведено докази, ќе го попречи функционирањето на партијата.
СЈО во „Талир“ сомничи злоупотреба на 4,9 милиони евра, а бара обезбедување на имот вреден: 68 имотни листови вредни 3,5 милиони евра и т.н. „бела палата“ процената во изградба на 14 милиони евра. Според СЈО истрагата за „Талир“ открила дека овој имот које наведен во барањето за обезбедување е стекнат од 2009-та до 2015-та. Јанушев, пак, вели целиот имот на партиајта е блокиран, бидејки тој не чини повеќе од 10 милиони евра.
Ноќтта пред истекот на рокот на СЈО за поднесување обвиненија, СЈО до скопска единица испорача картонски кутии за 17 обвиненија. „Талир“ остана во истражна постапка без обвинение. Според СЈО предметот „заглавил“ бидејќи осомничените Никола Груевски, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер не доаѓале во СЈО на распит. Оттаму сметаат дека обвинетите намерно не се појавувале на распит, затоа што не може да се достави обвинение ако немало испрашување на главните осомничени. За судбината на седиштето на штабот на партијата истиот суд одлучуваше пред година и половина и го одби барањето за обезбедување на имот на партијата. Апелацискиот суд не ја уважи жалбата на СЈО. СЈО побара оценка на законитоста на одлуката до Врховниот суд, но не ја дочека бидејќи ја повлече. Најавија дека истрагата продолжува.
Молкот за „Талир“ го наруши поранешниот прв човек на тајната служба кој го спомена предметот во отвореното писмо до партискиот претседател.
Кој и како издејствува, ти Христијан кој беше ставен во предистражната постапка за предметот „Талир“, поврзан со финасирање на партијата во време кога ти беше генерален секретар, да бидеш тргнат од листата?
Од 2009 до 2015 година се злоупотребени 4,9 милиони евра, кои потекнуваат од кривично дело сторено од група лица, што преку месните организации на партијата, овозможиле перење пари, со внесување пари на партиската сметка преку готовински уплати како лични уплати, со овој опис беше претставена истрагата за 14 функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Првоосомничен во случајот е лидерот на партијата Никола Груевски. „Талир“ сега ја дели судбината на уште десетици истраги на СЈО за кои немаат мандат да поднесуваат обвиненија. Како опција на располагање им стои предметот да го предадат на државното јавно обвинителство.
Павле Беловски