Во вторник новото обвинителство оди во собрание

Дебатата за новото СЈО кое повеќе нема да биде специјално туку обвинителство за организиран криминал и виска корупција се префрла мегу пратениците. Законот за јавно обвинителство, со кој СЈО се спојува со организиран криминал во вторник влегува во Собрание, велат од министерството за правда за телма.

Владата во вторник законот ќе го прати во Собрание. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во Собрание, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето 2/3 мнозинство ќе биде во Собранието, велат од Министерство за правда.

Од правда се зачудени што опозицјата не прифаќа досегашната шефица на организиран криминал Рускоска да биде на чело на новото обвинителство.

Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот, со амандманите предложи СЈО да биде дел од ЈО за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање, велат од Министерство за правда.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски со порака до премиерот Заев дека без главната опозициска парламентарна партија не може да се носи крупен закон, како овој и потсетува дека и актуелното СЈО беше изгласано со консензус на сите партии.

-Се лаже ако мисли дека повторно со притисоци и закани може да собира гласови на пратеници, зашто веќе земјава му го изгуби стравот на Заев, а неговите денови во политиката се броени вели Мицковски во во интервју за Република.  Меѓу другото посочува дека со владиниот предлог едно урнисано СЈО се заменува со друго, а за тоа кој ке го предводи новото обвинителство Мицковски вели  дека премиерот сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска.

 Опозицијата се уште официјално не ги соопштила забелешките на законот. Велат, го анализираат детално.

– Ова е закон предложен од Зоран Заев а знаеме дека Зоран Заев моментално е најкриминалното суштество кое што се обидува да се спаси. Така да треба да се прочита со внимание за да се видат сите скриени намери кои што веќе добро ни се познати на сите, односно да се заштити самиот. Така да во текот на наредните денови ќе излеземе со конечен став во однос на законот, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Од владеачката СДСМ одговараат со предложениот закон покажале дека за нив борбата против криминалот не познава партиска припадност. Сите случаи кои се пред судовите а за кои е надлежно Специјалното јавно обвинителство, ќе продолжат, нив ќе ги застапува новото Јавно обвинителство. Одговорност за сите овие предмети ќе има, колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Законот за јавно обивнителство влегува во собрание во пресрет на посетите на земјава на  еврокомесарот Јоханес Хан планирана за 25 јули, и в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер кој со државно полиитчкиот врв ке се сретне ден подоцна. 

Овој закон од меѓународната заендица беше посочуван како една од клучните правосудни реформи чие носење се врзуваше и со датумот за преговори

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ