
Во време на корона криза настрада локалитетот Виничко Кале
Во време на корона криза настарада локалитетот Виничко Кале. Вандали освен што го уништиле инвентарот на главната улица на локалитетот од ѕидините некој со сила ги истуркал камењата на земја, штета е направено и на делот кој е конзервиран уште од 1985 година.
Полицијата направила увид, се бараат вандалите.Вработените од Музејот кои се надлежни само да го одржуваат локалитетот собрале отпад во неколку вреќе. Од она што го нашле на локалитетот се претпоставува дека некои за време на пандемијата и полицискиот час, овде си прават корона средби или журки.
Штетата од вандализмот на овој локалитет е непроценлива, бидејќи е уништено национално богатсво. Виничките теракотни икони, кои се најдени токму на овој локалитет се изложени во речиси сите познати Музеии во светот и се единствени на Балканот. Неколку децении се бара од државата локалитетот Виничко Кале на којшто се најдени уникатините теракотни икони да биде обзебеден со чуварска служба, којашто во вечерните часови ќе го заштите од насилници. Музејот и локалитетот годишно го посетуваат околу 4.000 домашни и странски туристи. Поради пандемијата стопирани се посетите на музеите и истражувањето на археолошките локалитети во земјава.
Викторија Јованова