
Двајца убиени, еден повреден во криминална престрелка на Рузвелтова
Ноќеска во вооружена криминална престрелка на улица Рузвелтова, во близина на крстосницата со улица Орце Николов, убиено е едно лице, а две се борат за живот.
Престрелката се случила пред зградата на СЈО, кога едно возило во движење почнало да пука врз сиво возило во кое бил загинатиот.
Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Едно лице починало на местото на пукотницата, а две се борат за живот. Телото на загинатиот и ранетите во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар.
Неофицијално, починатиот е брат на познат лихвар, убиен пред неколку години.
Полицијата го обезбедува теренот и врши увид. Се уште не е познат идентитетот на жртвата и напаѓачите.
Наводно, полицијата брка едно возило во кое би требало да се наоѓаат напаѓачите.
„На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на СЈО пукано е во ПМВ „Сеат Алтеа, каде што во возилото биле лицата Наим Аети (1974) од ул.„Методија Андонов Ченто“кој од здобиените повреди од истрели починал на лице место, а додека лицата Ф. Е. (1999) и А.П. (1969) со возила на ИМП се пренесени во клиничкиот центар при комплексот-клиники „Мајка Тереза“, каде А.П. подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот блтен.
Сивиот атомобил во којшто се пронајдени застреланите во престрелката.