Во Велес попладнево краткотраен силен дожд со град и грмотевици

Велес и околината попладнево го зафати силен дожд проследен со град во облик на лешник и со силни грмотевици, а велешките улици и булевари беа преплавени со вода.

Од Регионалниот цетар за заштита и спасување информираат дека засега нема пријави од граѓани за евентуални штети по електромрежата и други проблеми од силниот дожд со грмотевици и град.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информира, раководителот Зоран Наковски, утре планираат да стапат во контакт со земјоделците од велешкиот поширок регион, за да осознаат дали има предизвикани штети од градот по земјоделските култури, овошните насади, пченицата и тутунот,

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ