Во Велес отворен Х Фактор акцелератор, прв во Вардарскиот плански регион

Во Велес денеска беше отворен Х фактор акцелераторот за стартапи, прв во Вардарскиот плански регион. Единаесет апликанти ќе бидат дел од оваа програма, која е на Фондот за иновации, а со поддршка на Светска банка.

На старт-ап компаниите таму им се нудат финансиски средства, менторирање, советување и поддршка.

Нема ограничување во поглед на дејноста на стартапите што ќе бидат финансирани, но приоритет имаат оние кои ќе понудат дигитализирани иновативни решенија во традиционалните сектори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ