
Во центарот на Штип прегазена жена на пешачки
Прегазена е жена попладнево во центарот на Штип, на еден од пешачките премини на кружниот тек кај Стопанска банка. Веднаш е пренесена во Клиничката болница каде лекарите треба да утврдат со какви повреди се здобила.
Според портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, несреќата се случила во 15 часот и 50 минути, а жената на која се уште не и се знае идентитетот, ја прегазил 63-годишен возач на такси возило, кој управувал со „Фолксваген голф“, со штипски регистарски таблички.
Очевидците велат дека на овие премини не застануваат возачите и покрај тоа што е централно градско подрачје.
Денеска беше погребано 15-годишниот штипски средношколец Мустафа Седат, кој пред 12 дена беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ од страна на 68-годишен возач, кој не запрел на преминот, по што околу 15 метри го влечел по булеварот.