Во Тетово се гради без одобренија, од општината не преземаат мерки

Без наша согласност и одобрение, соседот ни гради куќа залепена до нашиот објект, обвинува семејството Гани кое живее во центарот на Тетово.

Велат дека поради ваквите градежни активности поднеле жалба до општината од каде по седум месеци им одговориле дека жалбата не им е усвоена, а секторот за урбанизам на соседот му издал одобрение за градба пред истекувањето на рокот за жалба.

И по една недела од Општина Тетово, не добивме став зошто издале одобрение за градба без согласност од соседот, и без да истече рокот за жалба.

Семејството Гани вели дека за случајот ќе поднесе жалба до второстепена комисија, Јавно обвинителство и Министерството за транспорт и врски. Ова е само еден од многуте случаи во Тетово, каде се гради кој каде ќе стигне. Огромни зданија и без одобрение, се градат покрај кејот на река Пена, на туристички места, па дури и во центарот на Тетово. За ваквиот урбан хаос, досега општината нема преземено никакви мерки.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ