Во Тетово навреме почна гласањето

Во Тетово најголемата општина во полошко, каде право на глас имаат 83 илјади и 93 избирачи, гласањето започна точно навреме во 7 часот во сите 117 избирачки места. Засега се тече во мирна и демократска атмосвера.

И во останатите општини од полошко гласањето се одвива мирно.

Тие кои гласаа веднаш по отворањето на гласачките места, очекуваат  гласањето да се одвива без проблеми.

Во тетовско – гостиварскиот регион каде право на глас имаат 294 700 гласачи се гласа во 9 општини..

По Тетово најголем број избирачи има запишано во Општина Гостивар, вкупно 79.160 граѓани. Гласањето се спроведува на 121 избирачко место.

Во Општина Маврово –  Ростуше има најмалку гласачи ,вупно 9.672 кои имаа можноист да гласаат во 39 избирачки места.

 

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ