
Во Тетово и Гостивар, главно се почитуваат препораките
На градскиот зелен пазар во Тетово невообичаена глетка. Речиси празно, дел од тезгите затворени, а на одредени производи зголемени цени. Движењето е сведено на минимум. Пазарџиите велат дека засега располагаат со одредени намирници за граѓаните.
И низ градките улици и тротоари не е фрекфретно. Од Државниот пазаран инспекторат велат постојано се контролираат објектите кои имаат забрана за работа. Истакнаа дека имаат некои проблеми со локални кафетерии низ селата. Тие добиле опомена, но ако не ги почитуваат мерките и понатаму, ќе се соочат со казни.
И во Гостивар атмосферата е слична. Таму вчера и покрај препораките еден угостителски објект работел. Сопственикот е повикан во полициската станица Гостивар и против него ќе биде изречена соодветна казна.
Зоран Димовски