
Во Тетово генерално се почитува мерката за задолжително носење опрема
Во Тетово генерално се почитува мерката за задолжително носење соодветна заштитна опрема, маска, шал или марама, која започна да важи од денес. Поголем дел од граѓаните на себе носеа заштитни маски и ракавици. Тие се согласуваат дека оваа мерка е корисна во носака на заштита од ширење на коронавирусот.
Фармецетските работници велат дека маски има во доволни количини и дека цената на истите останува непроменета.
Инаку во Тетово и денес беше развижено и покрај препораките на Владата граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.
Данијела Билбилоска