
Во Телеком Унгарците секогаш ги победувале Македонците за бизнис планот и консултантските услуги – сведочење на Давитковски
Додека обвинетите унгарски и германски менаџери кои пред повеќе од десет години раководеа со Телеком се во бегство, како сведок на одбраната се појави поранешниот претседател на бордот на директори на компанијата. Професорот Борче Давитковски бил на таа позиција од декември 2002-ра до јуни 2004-та, но обвинението против Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус дека склучувале милионски фиктивни консултантски договори се за период подоцна. Во периодот за кој се обвинети, Телеком можел да исплаќа меѓу 5 и 7 милиони евра годишно за консултантски услуги, а тие се планирале преку бизнис планот на компанијата. За време на мандатот на Давитковски, поради бројноста македонските претставници секогаш биле надгласувани од побројните унгарски претставници во 10 члениот борд.
Кога не можеле да се договорат за висина на дивидендата, секогаш се воделе директни преговори на владата со унгарците од Телеком.
Адвокатите сепак сметаа дека сведочењето на Давитковски е добра одбрана за нивните клиенти затоа што покажува дека тие немаат одговорност за поделните консултантски услуги. СЈО пак смета дека станува збор за фиктивни и непостоечки услуги за кои е исплатено 4,8 милиони евра. Случајот е интересен и поради сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоески дека тројца политичари, поренашениот премиер Бучковски и двајца лидери на ДУИ во 2005-та добиле мито за да успорат либерализација на телефонскиот пазар во државата. Тројцата спомнати негираа, а Али Ахмети и Муса Џафери поднесоа тужба за клевета против Богоевски кој требаша да сведочи пред изборите, но тоа рочиште беше одложено.
Миомир Серафиновиќ