Во тек средбата Заев – Мицотакис

Во Солун на маргините од бизнис Самитот во тек е средбата меѓу премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис. Предвидено е средбата да трае 45 минути, по што премиерот се очекува да даде изјава.

На средбата, Заев очекува да се отвори прашањето за евроинтеграциите и претстојниот НАТО самит.

„Јас сум благодарен што Грција директно е вклучена во унапредувањето на нашата европска агенда, ќе разговараме секако за претстојниот НАТО самит. Но, секако ќе разговараме и за многу важното имплементирање на договорот од Преспа, заради тоа што со тој договор, низ неговото имплементирање и пријателството и релациите меѓу двете земји ќе растат.“ – изјави Зоран Заев.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ