Во тек комисиската седница за разрешување на Јанева

Почна со работа Комисијата за избори и именувања на која се разгледува извештајот на советот на обвинители, околу разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева. Уште на самиот почеток, претседателот на Комисијата, пратеникот Илија Димовски предложи седницата да биде затворена за јавноста, што беше прифатено од сите 13 членови. Од нив 10 маат безбедносен сертификат и ќе добијат можност да го разгледаат извештајот од советот, кој има доверлив карактер. Останатите тројца ја напуштаат седницата и ќе бидат заменети со сопартијци кои поседуваат безбедносен сертификат.

Во мометов, трае паузата која треба да се искористи за подготовка на материјалите.

Инаку, вчера по вторпат, советот на обвинители одби да го декласифицира извештајот.

Откако ќе заврши расправата во Комисијата, претседателот на Собранието треба да свика пленарна седница на која треба да се одлучува по заклучокот на Комисијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ