Во светот се урна рекордот во производство на кокаин – јужноамериканците водат на листата

Во светот цвета бизнисот со производство на кокаин. Пред две години се произведени повеќе од 1900 тони од оваа дрога, што е рекорд досега. Најмногу се произвело во Јужна Америка, пишува во годишниот извештај на експертите за дрога и организиран криминал од Обединетите нации. Балканските земји најчесто се дел од рутата на шверц со друга опасна дрога – хероин од Блискиот исток.  Пресметките се дека во светски рамки има дури 35 милиони зависници повеќе отколку што очекувале научниците да има досега.

„Превенцијата и третманот на зависностите од не ги исполнуваат очекувањата во многу делови од светот. Годишно само еден од седум зависници се одвикнува во установа.“ пишува во извештајот за наркотици на Канцеларијата на ОН за борба со дрога и против организираниот криминал (УНОДЦ).

И кај нас постои проблем со третирањето на зависностите. Ниту половина од оние кои користат дрога не се вклучуваат во програмите за одвикнување од зависности, заради страв од лош углед во околината. Оние коишто ќе се одвикнат, имаат проблем со ресоцијализацијата.

Оние кои посетуваат центри за одвикнување од зависност се лекуваат во лоши хигиенски услови, потенцираат активистите. Бараат властите да се погрижат да има барем четири центри за одвикнување на територијата на Град Скопје, и по една установа во секој град. Во меѓувреме, жителите на населбата Кисела вода редовно излегуваат на протест и бараат да се дислоцира Центарот од нивната населба.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ