Во Свети Николе нема да има референдум за изградбата на депонијата

Жителите на Свети Николе на претстојните Претседателски избори нема и референдумски да се изјаснуваат за локацијата на современиот систем за депонирање на отпад, а кој е предвиден да се гради во близина на селото Мечкуевци. Ова произлегува од седницата на Советот, откако мноизнството советници од СДСМ гласаа возрджано,  а пак опозицијата ВМРО ДПМНЕ гласаа за распишување на референдум. Опозицијата бара граѓаните да го кажат мислењето на референдум, за тоа што локалните политичари пред неколку години го потврдиле низ документите. Сегашниот градоначалник пак опозицијата ја потсети што како поранешна власт одобриле и потпишале во документите, кои носат и пенали за општината.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ најавија дека ќе ги поддржат невладините, доколку собираат потписи за распишување на референдум. Додека во Свети Николе се дебатира за локацијата, според надлежните институции таа е најсоодветна, така покажала и студијата, којашто чини 850.000 евра. Во меѓувреме 18 те општини од источниот и североисточниот регион формираа и јавно претпријатие со седиште во Свети Николе, а на располагање имаат околу 36 милиони евра за набавка на камиони, опрема и за изградба на современата депонија.

Парите за изградбата  на современата депонија се обезбедени од Европската Унија и во него учествуваат сите општини од  и Источниот и Североисточниот плански регион. Иако Свети Николе е во Вардарскот регион, само за овој проект со депонијата е издвоен и влезен во двата региони.

 

Викторија Јованова

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ