Во струмичко за девет месеци 300 жртви на семејно насилство

Околу 300 жртви на семејно насилство во струмичко за девет месеци. Повеќето жени малтретирани од сегашниот или поранешниот сопруг или партнер. Но не е занемарлив ниту бројот на насилство врз родителите. Близу 70. Тоа се бројките на регистрирани случаи од полицијата до септември оваа година. Непријавените случаи, остануваат под превезот на домашни темни тајни. Дивна Стојанова е жртва на семејно насилство. Таа вели дека се охрабрила да зборува јавно за пеколот низ кој минува последните седум години, за да им помогне на другите жени да го пријават насилството.

Сведоштвата на Дивна влегоа во документарниот филм „Жртвите на семејно насилство – жртви на системот“ што го изработија здружението Скај плус и телевизија ВИС. Жртвите велат дека државата нема доволно механизми да им гарантира безбедност бидејќи насилниците поминуваат со условни казни и забрани за приближување.

Југоистокот нема шелтер центар за жртви на семејно насилство. Најблиските шелтер – центри се во Свети Николе и Кочани.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ