Во струмичко масовно земјоделците се иселуваат

Македонските села треба итно да добијат поквалитетни услови за живот за да се намали иселувањето од нив. Струмичко се соочува со масовно напуштање на нивите од земјоделците, особено на младите кои не сакаат да се занимаваат со оваа дејност. Земјоделските здруженија велат дека државата мора да го крене стандардот на живот во селата, но и да финансира развој на земјоделието.

Од здружението на тутунари „Басмак“ велат дека најмладиот тутнопроизводител во регионот е педест години. Средовечни се и најголемиот дел од градинарите. Назадните технологии, неинвентивноста се основни причини што младите не ја гледаат својата иднина во аграрот.

Во насока на подобрување на условите за земјоделска дејност, државата го спроведува проектот за консолидација, односно окрупнување на земјоделското земјиште. Избрани се 12 области во државата каде треба да се консолидира земјиштето.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ