Во срдечна атмосфера започна посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас (видео)

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродоромот Скопје од каде се упати кон Владата каде што беше пречекан од премиерот Заев.

Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Во делегацијата што ќе го придружува  Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава.

Во пресрет на денешната посета на Скопје, Ципрас говори за претстојната средба со Заев и делегациите од двете земји и идните планови за соработка, а зборува и за важноста на Договорот од Преспа.

Потенцираше дека посетата е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји.

Вели дека Грција и Северна Македонија мора да бидат партнери и сојузници, упатува порака дека Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед,

додека Скопје има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува чекорите кон европската перспектива.

Ципрас ја предводи делегацијата од десетина министри и над 100 бизнисмени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ