
Во сообраќајка загина 18-годишно момче од Тетово
18 годишно момче со иницијали Ш. Љ го загуби живото во сообраќајка која се слуи синоќа околу 22 часот и 30 минути на крстосниците на улиците 160 и 161 во близина на тетовската касарна. Во несреќата во која учествувале две возила има 4 повредени од кој еден потешко.
-До несреќата дошло поради судир на две возила, ауди кое го управувал 17 годишник и рено меган што го возел 19 годишник. По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во клиничкиот центар во Скопје. Во болница поради повреди останал и трет сопатник од аудито. Во возилото рено имало тројца сопатници кои останале неповредени, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
По судирот еднот од возилата завршило во едно од дрвјата во паркот близу илицата 160. Но за среќа и двајцата возачи се примени во тетовската болница со полесни повреди.Тој што го управувал аудито пуштен е на дома а возачот на реното е задржан на болничко лекување.
Направен е увид земени се траги од местото на инцидентот. Се работи на целосно расветлување на настанот.
Зоран Димовски