Во Софија трет состанок на бугарско-македонската комисија

Бугарско-македонската комисија за историски и образовани прашања формирана согласно Договорот за доброседство, денеска и утре во Софија треба да го одржи третиот состанок.

Од Институтот за национална историја велат дека по двата одржани состанока е утврдена методологијата и принципите на работа, а разменети се и забелешките на двете страни во однос на бугарските учебници од 5. 6. клас и за македонските од 6. и 7. одделение. Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева претходно изјави дека забелешките на бугарската страна се доставени на 30 страници и дека иако бугарските претставници во комисијата констатирале сериозни забелешки, атмосферата во  комисијата била конструктивна.

Бугарската страна забележува дека генерално тонот во македонските учебници е непријателски настроен кон Бугарија, а се наведува и забелешката за Самуиловото царство, кое, вели, во нивната историографија е претставувано како бугарско, а кај нас или како Самуилово или како македонско царство.

Една од главните забелешки на македонската страна, пак, генерално е дека територијата на денешна Република Македонија се третира како неослободена бугарска територија, и тоа од средниот век па до 20. век.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ