
Во Скопје одбележан Денот на пожарникарството
Го ризикуваат сопствениот за да спасат туѓ живот. Работат тимски и влегуваат во оган тогаш кога сите бегаат од него. И покрај сите ризици со кој секојдневно се соочуваат македонските пожарникари, возилата со кои одат на терен во просек се стари дури 29 години.
Пожарникарите со години немаат земено 13 плата или т.н K-15. Градоначалникот на град Скопје Петере Шилегов пак, вели дека не знае кога ќе има покачување на нивните плати , бидејќи тоа директно не зависи од Град Скопје
Оваа година во Бригадата за противпожарна заштита треба да се вработат нови 50 пожарникари. Лани беа вработени само 19.
Новина е и обучената медицинска служба која, од почеток на идниот месец заедно со пожарникарите ќе оди на терен.
Градот Скопје денеска традиционално го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарството, во противпожарната станица во Автокоманда.
Теодора Цветковска