
Во Скопје никој не лежел во затвор дека фрлал ѓубре
Н.Н. и Н.Н се комунални редари во Град Скопје. Речиси секој работен ден се на терен и имаат задача да ги казнуваат граѓаните кои не го почитуваат законот за јавна чистота. Телма тргна во заедничка обиколка со нив за да види кои се критичните точки кои се најзагадени.
Ѓубре има насекаде. Се фрлаат од пикавци преку кревети и бела техника па се до полни камиони градежен шут. Казните за сите граѓани се исти ако се затечени на лице место, глоба 50 евра или тие да чиситат ѓубре.
Но не се казнува само за пикавци, градот тоне во смет. Од комунална хигена велат дека тие неможат да постигнат онолку колку што луѓето можат да фрлат ѓубре насекаде.
Законот за јавна чистота беше донесен во 2008 година и со него се предвидени прекршочни казни кои можат да ги изрекуваат комуналните редари или полицијата. МВР на територија на скопје во 2017 година напишала 203 прекршочни со казна од 50 евра, додека во 2018, 264. Во кривичниот законик пак по членот 230,може да се одговара и кривично и да се лежи во затвор доколку се фрла отпад на недозволени места. За обичен отпад казните се од три месеци до три години, додека за опасен отпат тие можат да достигнат и д о10 години. Но обвинителството нема конкретни податоци дали некој е затворски казнет, неофицијално на ниво на скопје во минатата година се поднесени две обвиненија но судот ги отфрлил.
Единицата за комунални редари во скопје брои 20 тина членови. По неколку колеги тие имаат и во другите општини но сметаат дека не се доволни но и немаат големи ингеренции за да се воведе вистински ред.
За сега кривичниот закон е оној кој одредува затворски казни за несовесните граѓани и фирми. Ефекти од неговото спроведување за сега нема, а околината и понатаму е жртва на несовесните граѓани.
Билјана Николовска