
Во сите американски држави е прогласена голема катастрофа поради Ковид-19
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи голема катастрофа во државата Вајоминг поради пандемијата на новиот коронавирус и сега сите 50 држави во САД се во тој статус. Според портпаролот на Белата куќа Џуд Дир, ова е првпат во историјата да е на сила состојба на голема катастрофа во сите 50 држави во исто време.
Прогласувањето состојба на голема катастрофа на сојузните и државните влади, како и на одредени непрофитни организации, го прави достапно федералното финансирање.