
Во Штип се одржа првата текстилијада
Потребна е солидарност и борба за работничките права порача текстилната работничка Ивана Грозданова во својата монодрама „Сонот на обесправените“. Работела во една од познатите странски компании во Штип, се што доживеела го преточила во текст, за да македонските институции го видат нејзиното сведоштво.
Пополека се подига свеста на работниците за да ги пријавуваат неправдите, но и да ги знаат своите права е ставот на невладиниот сектор и на Хелсинишкиот комитет за човекови права, кои во изминатите единесет месеци стекнаа доверба кај работниците. Преку пријавувањето на притисоците и злоупотребите со минималната плата и актуелната исплата на регресот за годишен одмор веќе има и тренд на постапување на инстутциите смета Игор Јадровски од Хелсинишкиот комитет за човекови права. Во тек се и две судски постапки.
Во изминатите два дена Штип ја имаше и првата Тестилијада, преку дебати, изложби, монодрами се подигаше свеста за правата на текстилните работнички.
Невладината Гласен Текстилец очекува државните институции да имаат поголем слух за барањата на работниците, се надеваат и на средба со министерката Царовска на која ќе и ги презентираат искуствата од проектот кој го реализираат со Хелсиншкиот комитет за човекови права, а е поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт и Министерството за култура.
Викторија Јованова