Во Штип и Тетово последните јавни дебати за уставните измени

Последните две јавни дебати за уставните измени ќе се одржат денеска во Штип и во Тетово.

На трите одржани во Скопје беа изнесени експертски предлози за подобрување на нацрт-амандманите, како и за надминување на уставната празнина во врска со потпишувањето на законите од страна на претседателот на државата. Премиерот Зоран Заев и владините претставници на дебатите ги презентираа нацрт – амандманите и укажаа на потребата за донесување на уставните измени во контекст на влегувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ, на инклузивноста на процесот и отвореноста за нови предлози.  Академиците, се со различни размислувања како правно да се реши оваа уставна празнина. Академик Таки Фити побара добро да се размисли окоу именувањето на институциите кои се дел од историјата како што се МАНУ, Институтот за македонски јазик.  Професорот Светомир Шкариќ предлага договорот од Преспа да стане уставна категорија. Со ова ќе се даде пример како проблемите меѓу две држави може да се решат.

По денешните две јавни расправи Владата во рок од два дена треба да изготви Извештај со сите сугестии и предлози и заедно со нацрт амандманите да му ги достави на Собранието, со што ќе отпочне третата финална фаза за измени на Уставот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ