Во Сабота нова рунда преговори на работни групи

 Во Сабота работните групи ќе направат нов обид за договор за Законот за јавно обвинителство.

Во текот на изминатите денови одржани се неколку неформални средби но партиите и натаму остануваат на своите позиции и не отстапуваат од црвените линии.

Опозицијата инсистира тие да предложат шеф на обвинителството но начинот на нивно селектирањето е  оспорен од СДСМ.

Предлозите на ВМРО ДПМНЕ може да бидат основа за преговори но постојат разлики кои се однесуваат на градење независно обвинителство кое ќе гони висока корупција, особено што нема гаранции дека ќе се избере квалитететн независен обвинител велат од министерството за правда .

ВМРО ДПМНЕ негира. СДСМ според нив биле тие кои не сакале да се донесе законот.

СДСМ останува на ставот дека Вилма Рускоска не треба да се смени пред истекот на нејзиниот мандат.

Дали ќе се формира посебно обвинителство за висока корупција или постојното ќе ги преземе надлежностите на СЈО ќе се знае во сабота.

Ова ќе биде прв состанок  по десет дена на работните групи по неуспехот на лидерската средба.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ