
Во пожар од кварцна печка загина жител на кумановско Пчиња
Бранко Јачовски од кумановското село Пчиња починал за време на пожар во неговата куќа, потврдија за Телма извори од истрагата.
Пожарот бил пријавен утрово во 4 часот наутро во пожарникарската служба во Куманово. Пожарот го зафатил долниот дел од спратот на куќата каде имало запаливи материјали, пред се хартија и текстил.
79-годишниот Јачовски веќе бил загинат до пристигнувањето на пожарникарите кои интервенирале со три возила и со тим од 6-мина пожарникари.
Првичните претпоставки се дека пожарот избувнал од кварцна печка на која се греело домаќинството на загинатиот Јачовски.
Починатиот Јачовски живеел на првиот кат, додека на вториот живеела неговата ќерка која ги повикала пожарникарите.
На местото на трагедијата е извршен увид од јавен обвинител и од тим на кумановската полиција.