
Во последното деноноќие регистриран 41 случај на заболени од коронавирус
Четириесет и еден зболен и 29 излекувани пациенти е билансот од епидемијата на коронависурот во Македонија во последните 24 часа. Со ова вкупната бројка на заболени во дрѓавата изнесува 1.300 лица.
Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 17, во Куманово има 11 новозаболени, петмина во Прилеп, тројца во Тетово и по еден нов случај во Кавадарци, Гостивар, Крива Паланка, Кичево и Неготино.
Во моментов хоспитализирани се 108 пациенти од кои дванаесет се приклучени на респираторни машини.
На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 63 пациенти од кои 23 на кислородна поддршка и пет на механичка вентилација. Во Градската болница „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се седум пациенти и седум се приклучени на респираторна машина. Во Клиничката болница во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а 13 се следат на домашно лекување.
Гледано по градови најмногу заболени има во Скопје – 439 лица, во Куманово има 353 заболени а во Прилеп бројката е 131 регистриран случај.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста