Во Полошко недостасуваат центри за деца со посебни потреби

Ова е само една од музичките изведби на Дрита Салиху со која ги воодушевува гостите во дневниот центар во Тетово, каде ова девојче со посебни потреби е згрижено. И нејзината другарка Берата Садику сместена во оваа установа има посебна вештина. Поради хендикепот со рацете, таа црта со двете нозе.

Од Центарот, велат дека речиси сите деца за кои се грижат без разлика на нивната попреченост, имаат по некој талент кои го откриваат  преку слободните активности кои ги спроведува оваа установа, а децата најчесто сами се пронаоѓаат во одредена уметност.

Има голем број на талентирани деца со посебни потреби и на спортски план. За тоа говорат медалите на Ардијан, Агрон и Сара, кои се вратија со големи спортски успеси од Абу Даби каде се одржа Светската специјална олимпијада за лица со интелектална попреченост.

Со нив веќе седум години работи Ифраим Љута во рамки на здружението Активен живот. Со ваквите деца кога се работи потребно е да се има континуитет и дисиплина, а талентот со тек на време ќе се открие, потенцира Љута.

И Тој и Наташа се согласни дека успехот кое го постигнува лицето со посебни потреби влијае многу позитивно на неговото психофизичко здравје, ја јакне неговота самодоверба, а вежбањето и работењето во група е значајно за неговата социјализација

Изјава Наташа Павлова Таа апелира организациите и институциите да отварат повеќе клубови , каде оваа категорија граѓани ќе го поминуваат слободното време. Но голем дел од децата со посебни потреби во полошко нема каде да одат, тие често се затворени дома, а на дел од нив поради недостаток на образовни асистенти и специјални средни училишта им е ускратено правото на школување.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ