
Во полициската истрага „Сикрет“ четворица Скопјани пакувале, мешале и продавале, а бизнисмени, банкари и угостители го купувале кокаинот
Четворица скопјани набавувале, препакувале и продавале кокаин. Токму затоа изутринава полицијата влегла во нивните домови и привела двајца од населбата Ченто, еден од скопски Чаир, и 19-годишен жител на с. Арачиново. Заработиле за скапи автомобили, граделе куќи, и купувале дуќани.
Клиенти им биле бизнисмени, банкари, и угостители и вработени во јавната администрација.
Тие биле врхушката на групата, а оперирале низ целата држава, преку помошници. Полицијата ги следела со месеци, под кодно име „Сикрет“.
„Целта беше сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која беше идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност, која се занимава со набавка на поголема количина кокаин” – соопшти МВР
Бандата имала и свои доушници. Плаќала за полициски информaции, но и за нелегални судски услуги.
„Исто така, за криминалната група било утврдено дека во текот на своето делувување вршела коруптивни дејствија заради добивање податоци за мерките кои ги презема МВР кон членовите на ОКГ, како и за добивање корисни информации за конкретни судски постапки кои се водат против нив.“- информира МВР.
Оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавената дрога. Полицијата апсела и 12 лица кои купувале од скопската банда.
Полицијата обрачот на групата претходно и го стесни откако упаси едно лице- цариник на висока позиција.
Павле Беловски