Во полициска акција убиен Тетовец кој бил баран со потерница

Во полициска акција во тетовско Ларце утринава е убиен 38 годишен жител од ова село, кој подолг период се барал од МВР и со меѓународна потерница, заради издржување на вкупна затворска казна од 26 години и 10 месеци.

При обидот за негово лишување од слобода тој додека бил во неговиот дом на специјалната единица Тигри им фрлил рачна бомба, а потоа се дал во бегство, облечен во панцирен елек, вооружен со автоматска пушка, пиштол, голема количина муниција и четири рачни бомба Лицето успеало да се оддалечи од куќата и обидувајќи се да фрли уште една бомба кон полицијата бил смртно застрелан.

При повторниот обид за негово лишување од слобода на околу 200 метри од неговата куќа, лицето повторно отворило оган кон полициските службеници  пукало, притоа повторно обидувајќи се  да фрли и рачна бомба кон нив, по што е возвратено и лицето е лишено од живот, соопштија од СВР Тетово. 

Против Жителот на Ларце во периодот од 2000 до 2016 година, до Основното јавно обвинителство се поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела помеѓу кои кривични дела: “убиство“, “убиство во обид“, “грабнување“, “противправно лишување од слобода“, “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“, како и кривични дела – “тешка кражба“, “разбојничка кражба“, “одземање на моторно возило “, “тешка телесна повреда“ и “учество во тепачка“.

Полицијата во четири наврати се обидела да го лиши од слобода, но безуспешно. Тој пружал отпор со употреба на различни видови на оружје.

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ