
Во пандемијата “Баце” видел шанса за профит и ги крадел и продавал залихите медицинска опрема од Нефрологија
Се претставувал како Баце, нудел ракавици по дуќаните и бизниси низ Скопје. Ракавиците наместо на рацете на лекарите и сестрите на Нефрологија, завршиле во бизнис агендата на овој човек .
„Слободен печат“ ја откри оваа акција на продавање на пакети со ракавици, се бројат залихите по магацините на клиниката,а здравствените инспектори рекоа дека ќе излезат на вонреден инспекциски надзор.
Директорката на клиниката др.Ирена Бушлетиќ во телефонски разговор вели дека се уште бројат и проверуваат во болничките магацини.
Извори од клинички пак кажуваат дека од самиот почеток на пандемијата забележале дека ракавици нема доволно.
Доставувачот одел од маркет во маркет и им ги нудел на вработените во ракавици на кои е залепена етикета на Клиника за нефрологија.
3000 денари за 1000 пара ракавици – била понудата.
Но, со пакетот со примамлива ниска цена , тој не давал фискална или фактура. На малите единечни кутии пак немало налепница од клиниката.
Од почетокот на пандемијата на КОВИД – 19 до сега се направени 700-тини надзори во јавни и приватни здравствени институции. Онаму каде што се потврдени недостатоци се изречени и казни , а останува да се види дали и Баце ќе влезе во статистиката на здравствените инспектори.
Теодора Цветковска