
Во ОТА се прислушуваат 188 телефонски броеви
Новормираната оперативно- техничка агенција за следење на комункации вметналата во машините 188 телефонски броеви. Прислушувањето е легално со судска наредба, вели првиот човек. Управата за безбеднсот и контраразузнавање побарала нјамногу следења на разговри, а зад нив е бирото за јавна безбедност.
Денеска машините за прислушувања ги посетија и пратениците од надлежната собраниска комисија. Заклучокот за јавноста е дека не се прислушува нелегално. Колку судски наредби пристигнале, толку броеви се следат, вели претсеадтелот на комисијата Емил Димитриев
И по два часа чешлање на деловодните книги, собраниската контрола дојде со тим без стручен техничар.
Во надзорот на работата на ОТА треба да се вклучи и цивилниот сектор, но Советот за граѓански надзор не е формиран. Избрани се само три члена, а Советот треба да има седум. На огласот што го објави Собранието, се пријавија седум кандидати, но нивниот избор ќе биде направен по претседателските избори, бидејќи Собранието ќе работи до 1 април.
Павле Беловски