Во операцијата на МВР уапсени 12 лица, одземени возила, оружје, муниција и дрога

МВР соопшти дека во денешната операција биле извршени претреси на 34 локации во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар.

При тоа биле уапсени 10 лица во селата Грчец и Арачиново, заради сомнение за инволвираност во производство и продажба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, како недозволено изработување, држење и трговија со оружје или распрскувачки материи.

Синоќа во 21.20 на улицата јадранска магистрала било уапсено уште едно лице од село Крушопек, кое се барало по потерница за издржување казна затвор, додека во Скопје било уапсено лице кај кое биле пронајдени 1,5 кг марихуана.  

“При претресите биле пронајдени и одземени   патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми различен калибар, панцирни елеци, преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео надзор, мобилни телефони со сим картички, пари во  различни апоени, прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја” – соопшти МВР.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ