Во Охрид раздвижено по егзодусот на жителите на главниот град кој е во тридневен полициски час

Раздвижено во Охрид, траорно во Скопје по владината одлука за тридневен полициски час во главниот град. Десетиците илјади туристи го користеа временскиот прозорец до 16 часот за да се прошетаат во чаршијата покрај кејот и во стариот дел од градот. Истовремено и неколку тима на пазарниот инспекторат проверуваа дали и колку се почитуваат препораките во кафулињата и рестораните но и дали хотелите евентуално ги отвориле вратите за туристите кои продолжениот викенд одлучија да го поминат во Охрид.

Според Ристевски, најголем број од туристите имаат станови или куќи во Охрид, но сепак вчера биле откриени неколкумина кои на црно ги издавале своите станови на гости иако во моментов тоа е најстрого забрането.

Додека туристите се шетаа покрај Кејот во општинската зграда заседаваше Кризниот штаб а на состанокот е договорено да продолжат деноноќните контроли на сместувачките капацитети но и да се подготоват капацитетите во локалниот Клинички центар поради ризик од прилив на новозаболени а како превенција одлучено е од понеделник да почне масовна дезифенкција на улиците, јавните површини и зградите во градот.

На улиците и во центарот на градот немаше масовно присуство на униформираната полиција.  Официјалните информации на полицијата се дека вчера 11 лица биле затекнати по почетокот на полицискиот час во 16 часот а на други 126 им биле издадени казни поради неносење на заштитни маски.

„Во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршена е 61 контрола на угостителски објекти и сместувачки капацитети на подрачјето на СВР Охрид и се констатирани 6 непочитувања“, велат од МВР.

Од кабинетот на министерот Чулев ни соопштија дека се прават проценки и анализи и доколку се утврди потреба веднаш ќе биде испратено и засилено присуството на униформираната полиција во турискичките центри и апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките за одржување на дистанца и носење на заштитна опрема

Огнен Чанчаревиќ

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ