Во објектот во Демир Капија за изолација од коронавирусот сместени 11 лица

Во депандансот Демир Капија, којшто се наоѓа во атарот на село Ергеле, во моментов се сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на КОВИД-19, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од таму наведуваат дека во објектот се обезбедени сите услови за престој на лицата, редовно се доставуваат средства за хигиена, оброците се дистрибуираат спакувани во индивидуални порции, а здравствена заштита е обезбедена од мобилни здравствени тимови. ​Дополнително, секојдневно се спроведува дезинфекција на објектот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ