Во најголем дел од земјата навреме отворени гласачките места

Точно во 7 часот почна гласањето на референдумот на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Според ДИК, во најголем дел од земјата избирачките места се навреме отворени, освен на две места во Прилеп, и едно во скопско Чучер Сандево, каде гласањето почна со мало задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал. Гласањето досега се одвива непречено, и не се забележани инциденти.

Портапаролот на ДИК, Љупка Гугучевска во утринските вести на Телма ги даде и податоците за вчерашното гласање во странство, каде до 17 ч, гласале 985 гласачи или 36,35%. Во казнено-поправните установи гласале 1008 гласачи или 64,69%, гласањето на болни и изнемоштени лица продолжило и по 19ч, и за точниот број на гласачи од ДИК велат дека ќе известат во текот на денот на една од нивните прес конференции.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ