Во МВР ќе „пресушат“ пасошите пред да стигне нова тура од Германија

Поради лоши планови и анализи во МВР фалат обрасци за лични документи, тврди новиот министер Наќе Чулев. Најлошо е со пасошите, недостасуваат и возачки дозволи кои ќе стигнат на крајот на месецот, а проблемот е решен само со личните карти.

-За патни исправи има обрасци за некаде до средина на февруари, согласно планот и лошата анализа која е направена во МВР, патните исправи треба да стигнат на крајот на март. Сега ќе правиме дополнителни напори за да се надмине тој проблем. Во тие анализи не е предвидено дека ќе има зголемено побарување поради неколку причини. Како прво имаме избори кои се знаеја уште порано. Втора работа е за оние што се извадени во 2009-та и по десет години истекуваат и треба да се сменат. И третата причина е што владата впведе земање на лекови со документи поради што исто така има зголемена потреба од нови лични документи, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Чулев вели дека е дадена наредба и во внатрешната контрола во тек е проверка дали и последниот тендер за набавка на обрасци за лични документи е спроведен законски. На крајот од минатата година склучен е договор за набавка на обрасци за документи за наредните две години во вредност од речиси 20 милиони евра.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ