
Во мавровските хотели сместени 135 лица кои допатуваа од странство
Во два мавровски хотели од синоќа во карантински услови сместени се 135 лица кои допатувале од странство. Хотелите „Макпетрол“ и „Спорт“ во текот на ноќта и рано утрово со автобуси биле донесени лицата кои според насоките треба да бидат во двонеделна изолација. Утрово во хотелот „Макпетрол“ во селото Маврово сместени се 74, а во „Спорт“ 61 лице и веќе се запознаени со обврските и ограничувањата.
Од секретаријатот известија дека граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската.