Во Македонија повторно ќе започне трансплантација на органи од починат донор

13 спремни парови за трансплантација на бубрег од жив донор чекаат да биде извршена трансплантација. Оваа година  во Македонија се извршени 16 трансплантации од жив донор, а до крајот на годината се очекува таа бројка да биде околу 20. Кадаверичната трансплантација односно трансплантацијата од починат донор е во застој трета година. Околу 100 до 150 луѓе во државата чекаат трансплантација од починат донор. Министерството за здравство во периодов изготвува листа и дополнителни медицински испитувања со кои ќе се започне по активно трансплантација на бубрег од починат донор.

Националниот трансплант координатор д-р Маја Мојсова вели дека се прават последните подготовки за да се направи системот за донирање органи од починат донор со кој ќе се овозможи без прекини тој да функционира.

Македонија денес го одбележува европскиот дена на органодарителство. Од здружението Нефрон истакнуваат дека е неопходна постојана национална  кампања за подигање на свеста на граѓаните за значењето на донирањето органи како предуслов за спасување многу животи.

Денес во Европа повеќе од 50. 000 луѓе се на листи на чекање за трансплантација на органи. Секој ден 19 од нив умираат поради недостиг на расположливите органи.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ