Во Македонија нема ниту една регистрирана одгледувачница за улични кучиња

Нема никаква контрола во одгледувањето кучиња во Македонија. Не се знае – кој ги размножува, кој ги продава, ниту пак кој ги купува. Нема ниту една регистрирана одгледувачница.

Голем број од газдите на кучиња извесно време ги чуваат, за потоа да се откажат од нив и да ги фрлаат на улица.

Невладините обвинуваат дека ништо од тоа не е регулирано, не постојат никакви казни за престапниците и поради тоа проблемот е системски.

Нема каде да се обратат и никој не води сметка за нивните барања за заловување и стерилизирање на бездомните животни.

Скопјани бараат хумано решение од властите.

Сметаат дека не смее да се дозволи огромен број бездмони кучиња да шетаат низ центарот на градот бидејќи дел од нив се агресивни. Од друга страна има луѓе кои одат на работа, на школо, а се исплашени од кучиња.

Од Градот се уште не нудат конкретно решение како планираат да се справат со решавање на постоечкиот проблем со многуте бездомни кучиња на улиците, ниту пак каква стратегија имаат за во иднина.

Во неделата, здруженија за заштита на животните протестираа. Бараа од градските власти да се воведе програмата „залови-стерилизрај-врати“.

Петар Догов

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ