
Во Македонија нема африканска чума, во Бугарија има 65 жаришта
Во Македонија нема африканска чума. Во Бугарија се уште има жаришта а болеста е присутна во неколку индустриски и домашни фарми – изјави директорот на бугарскиот Центар за проценка на ризик во делот безбедност на храна, Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Тој во Скопје со директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов потпиша договор за соработка.