
Во Македонија недостастуваат центри за лица со попреченост
Верица Огњанова од Неготино е самохрана мајка на 8 годишно дете со даунов синдром. Нејзината ќерка Јоана е со вродена срцева мана и била оперирана пред 7 години. Поради здравствена состојба на нејзината ќерка и потребата од чести контроли, но и поради неможноста таа да оди во нормално училиште во Неготино и немањето дневен ценатр за деца со попреченост, Верица се одлучила да дојде да живее во Скопје под кирија за да може нејзината ќерка да учи во посебното училиште „др.Златан Сремец”. Единствениот нејзин приход е надоместокот од 4.300 денари, кој го добива за нејзината ќерка. Тие живеат во Скопје со помош на нивните најблиски.
Верица по професија е медицинска сестра, но веќе два месеци не може да најде работа во Скопје, иако се надевала дека кадар како неа е баран на пазарот на труд. Со чудење вели дека хендикепот на нејзината ќерка наместо да помогне во одлуката на работодавците, се случувало токму спротивното кога ќе кажела дека е мајка на дете со попреченост.
А дневните центри се многу важни за лица со попреченост. Нив ги има во певеќето градови во државата, но нема во Неготино. Еден таков центар од 2002 година функционира во Тетово. Немањето на вакви центри во градовите е сериозен хендикеп, пред се за децата со попреченост, но и за нивните семејства.
Во меѓувреме Верица останува со надежта дека ќе најде работа со која ќе може самостојно да се грижи за нејзината ќерка. Упатува апел до институциите кои можат да и помогнат, да го сторат тоа, бидејки во спротивно таа ќе мора да се врати во Неготино, каде што нема услови за посебно образование за нејзината ќерка, или да замине во странство по подобро утре за нив двете.
Јордан Дуков