
(ВО ЖИВО)Во Македонија има 26 заболени од корона вирусот- бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица
Заклучно со 13 часот на територијата на РСМ има 26 заболени од корона вирусот, од кои 17 се во Скопје, 9 во Дебар.
Од 10-те тестирани, меѓу нив тројца од клиниката „Жан Митрев“, се позитивни на тестовите.
Еден е сместен на Клиниката за инфективни болести.
Најважно е да се спречи ликалната трансмисија, истакна министерот Филипче.
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во земјава би можело да се очекува зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во земјава, нагласувајќи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица.