
Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје тестирани околу 260 граѓани, а од викендот ќе се скенира населението во повеќе градови
Здравјствените власти од викендот ќе почнат со скенирање на граѓаните во кризниот регион на Дебар, а ќе продолжат и во соседните градови, како дел од превенцијата против ширењето на корона вирусот. А, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје до сега се тестирани околу 260 граѓани , рекоа од Институтот за јавно здравје.
Изолираниот град Дебар, ќе биде прва општина каде викендов ќе започне скрининг на населението, како превентива за граѓаните од ширење на заразата со Ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје. Потоа скринингот кој не значи и тестирање на секој граѓанин поединечно, ќе продолжи во соседна Струга.
- Најпрвин ќе се почне од покризните подрачја , како што е Дебар. Знаеме дека Дебар е изолиран град . Потоа Струга , која е во соседството со градот Дебар . И нормално, сигурно ќе има стручни лица кои ќе одлучат , кои групи граѓани ќе бидат опфатени со скрининг- Арбен Зибери- директор на Центарот за јавно здравје.
Во единствената референтна лабораторија за вирусологија при Институтот за јавно здравје, до сега се тестирани околу 260 граѓани, а податоците за нив се испратени до Владата каде се подготвува даба база на податоци, рече директорот на Институтот.
- Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје на РСМ, досега се направени 258 тестови за Ковд-19, а бројките на позитивните и за негативните се трансферираат во владата на РСМ. Реагенси има и ќе има . За тоа нема потреба од загриженост кај граѓаните- Шабан Мемети- директор на Институт за јавно здравје.
Нема недостаток на заштитна опрема за епидемиолозите, кои во 6 групи се распореденио на терен, дополни Мемети.
А на истокот од државата , обезбеден е материјал за шиење 14 000 заштитни маски . Во 3 конфекции во Штип ќе се шијат 6000 маски, а за останатите , ќе се преговара со други текстилни фабрики.
Сотир Трајков