Се полнат болничките капацитети

Монтажната болница во дворот на Инфективна се прилагодува  за да може да почне да прими поголем брoj на пациенти на кои им треба кислородна поддршка.

Инаку болницата има 11 соби со по 6 кревети.  Во моментов е скоро празна, поголемиот дел од времето служи за прием на пациенти , на кои им се одредува дали ќе лежат во монтажната болница или ќе бидат качени во зградата на Инфективна.

Но,  работата на сестрите и лекарите кога тука ќе почнат да се примаат повеќе ковид болни, барем малку ќе се олесни кога ќе биде инсталиран централниот довод за кислород , па за пациентите кои ќе се лекуваат тука нема да треба постојано да носат тешки боци полни со кислрод.

Во меѓувреме , во детстската болница во Козле за само една недела хоспитализирани 20 пациенти. Меѓу нив има и две деца. Првично планот беше  во оваа болница да се носат пациенти со лесна и средна клиничка слика од корона вирусот. Но, д-р Андоновски вели дека оваа болест е непредвидлива , па така на ковид позитивните луѓе , честопати лесно може да им се вложат симптомите.

Во Штип кој котира високо на листата по корона заболени, остаана слободни само 3 кревети на инфективното одделение. 30 се хоспиталризирани, а за двајца се чекаат резултат. За да се ослободат болнички легла , оние на они на кои им се подобрило здравјето ќе ги пратат  на домашно лекување. Во Тетово пак, како едно од ковид жариштата инфетивното одделение е скоро празна  – во неа се хоспитализирани само 17 пациенти.

 

Теодора Цветковска

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ