
Во Кочани 94 лица се во домашна изолација
Деведесет и четири жители на Кочани се во домашна самоизолација откако деновиве се вратиле од странство во Македонија, соопшти локланиот кризен штаб.
„Најголем број од лицата кои се во домашна изолација претходно престојувале во некоја од државите со среден и висок ризик. Повеќето од нив се придржуваат до законските одредби за домашна изолација, но останува апелот за сите да не го доведуваат во ризик здравјето на останатите граѓани и да останат дома. За секое лице кое влегло во државата се добиваат податоци од граничните премини и ќе се контролира дали ги почитува законските одредби за изолација“, истакнаа од Кризниот штаб на Општина Кочани.